Билатерални односи на Република Северна Македонија со Република Албанија


Дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, се воспоставени на 24.12.1993 година.


Билатерална договорна рамка:

Склучени договори  предмет на ратификација

1. „Протокол за соработка во областа на безбедноста меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за јавен ред на Албанија и Националната информативна служба на Република Албанија“

  • склучен во Скопје, на 5 јуни 1992 година.
  • во сила од 28 март 1998 година

2. „Спогодба за научна, техничка и технолошка соработка помеѓу Македонската влада и Албанската влада“

  • склучена во Скопје, на 1 јули 1994 година.
  • во сила од 18 април 1995 година

3. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за укинување на визите за дипломатски и службени патни исправи и висината на таксите за издавање на други видови визи“

  • склучена во Тирана, на 4 декември 1997 година.
  • во сила од 9 март 1998 година

(со влегувањето во сила на Договорите под број 28 и 28 б, оваа Спогодба de facto не се применува)

4. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за мерките за спречување и решавање на инцидентите на македонско-албанската државна граница“

  • склучена во Тирана, на 4 декември 1997 година.
  • во сила од 27 февруари 1998 година

5. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за одржување, обновување и одбележување на граничната линија и граничните ознаки на македонско-албанската  државна граница“

  • склучена во Тирана, на 4 декември 1997 година.
  • во сила од 27 февруари 1998 година

6. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за поттикнување и заемна заштита на инвестициите“

  • склучен во Тирана, на 4 декември 1997 година.
  • во сила од 3 април 1998 година

7. „Спогодба за трговија и стопанска соработка меѓу Македонската Влада и Албанската Влада“

  • склучена во Тирана, на 4 декември 1997 година.
  • во сила од 3 април 1998 година

8. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај“

  • склучена  во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 3 мај 1998 година

9. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за соработка на полето на ветеринарната медицина“

  • склучен во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 3 мај 1998 година

10. „Спогодба меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за взаемна помош и соработка меѓу нивните царински органи“

  • склучена во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 3 април 1998 година

11. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за соработка во областа на заштитата на растенијата“

  • склучен во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 9 мај 1998 година

12. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за одбегнување на двојното оданочување по однос на данокот од доход и данокот на капитал и за заштита од фискална евазија“

  • склучен во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 2 септември 1998 година

13. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за правна помош во граѓанските и кривичните предмети“

  • склучен во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 2 октомври 1998 година

14. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за екстрадиција“

  • склучен во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 2 октомври 1998 година

15. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за меѓусебно извршување на судски одлуки во кривичните предмети“

  • склучен во Скопје, на 15 јануари 1998 година.
  • во сила од 2 октомври 1998 година

16. „Спогодба за редовен воздушен сообраќај помеѓу Македонската Влада и Албанската Влада“

  • склучена во Охрид, на 4 јуни 1998 година.
  • во сила од 1 декември 2005 година

17. „Договор меѓу Македонската Владата и Албанската Влада за соработка во областа на образованието и науката“

  • склучен на 23 февруари 2001 година
  • во сила од 18 февруари 2003 година

18. „Договор меѓу Македонската Влада и Албанската Влада за соработка во областа на здравството и медицинските науки“

  • склучен на 23 февруари 2001 година
  • во сила од 25 април 2003 година

19. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заштита и одржлив развој на Охридското езеро и на неговиот слив“

  • склучен во Скопје на 17 јуни 2004 година.
  • во сила од 4 јули 2005 година

20. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија  и Советот на министри на Република Албанија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал, недозволената трговија со наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, илегалната миграција и други нелегални активности“

  • склучен во Скопје на 17 јуни 2004 година.
  • во сила од 20 мај 2005 година

20а) „Дополнителен Протокол за интензивирање на соработката во борбата против трговијата со луѓе преку државната граница и за подобрување на идентификација, известување, упатување и помогнато враќање на жртвите и можните жртви на трговијата со луѓе, што го надополнува Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за соработка во борбата против тероризмот, организираниот криминал , недозволената трговија со наркотици, психотропни супстанции и прекурзори, илегална миграција и други нелегални активности“

    • склучен во Охрид, на 14 септември 2007 година.
    • во сила од 14.10.2007 година

21. „Договор помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за преземање на лица и Протокол за спроведување на договорот“

  • склучен во Скопје, 17 јуни 2004 година.
  • во сила од 15.07.2005 година

22. „Спогодба меѓу  Владата на Република Македонија и  Владата на Република Албанија за воспоставување на меѓународна езерска патничка линија Охрид-Подградец“

  • склучен  во Охрид, на 25.09.1999 година.
  • во сила од 20 јули 2005 година

23. „Спогодба за соработка во областа на културата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија“

  • склучена  во Тирана, на 16 ноември 2005 година.
  • во сила од 05 јануари 2007 година

24. „Договор за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија“

  • склучен во Тирана на 16 ноември 2005 година.
  • во сила од 10 мај 2006 година

25. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемна заштита на класифицирани информации“

  • склучена во Тирана, на 16 ноември 2005 година.
  • во сила од 4 април 2006 година

26. „Тристрана Конвенција во врска со Транс-балканскиот нафтоводен систем помеѓу Република Албанија, Република Бугарија и Република Македонија“

  • склучена во Скопје, на 31 јануари 2007 година.
  • во сила од 01 октомври 2007.

27. „Договор за изменување и пристапување кон Централноевропскиот Договор за слободна трговија - ЦЕФТА 2006“

  • склучена во Букурешт, на 19 декември 2006 година.
  • во сила за Албанија, Македонија, Молдова, ЦГ и УНМИК на 26 јули 2007 година, за Хрватска 22 август 2007 година

28. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемни патувања на граѓаните“

  • склучена во Тирана на 19 февруари 2008 година.
  • во сила од 27.08.2008 година

a. „Протокол за малограничен сообраќај кон Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемни патувања на граѓаните“

    • склучен во Тирана на 19 февруари 2008 година.
    • во сила од 27.08.2008 година

b. „Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за измени и дополнувања на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемни патувања на граѓаните склучена на 19 февруари 2008 година“

    • склучена во Тирана на 14 декември 2011 година.
    • во сила од 06.04.2012 година

29. „Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка на полето на поштенските и електронските комуникации“

  • склучена во Охрид, на 10 април 2009 година.
  • во сила од 12.04.2012 година

30. „Договор за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија во контекст на процесот на пристапување во Европската Унија“

  • склучен во Тирана на 17 март 2011 година.
  • во сила од 30.01.2012 година

31. „Меморандум меѓу Советот на министри на Република Албанија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, Владата на Република Македонија, Владата на Република Србија, Владата на Република Словенија, Владата на Република Хрватска и Владата на Црна Гора за порамнување на долгот на Република Албанија во врска со порамнување на износите на сметките во рамки на стоковната размена меѓу Република Албанија и поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија“

  • попишан во Тирана, на 14 декември 2010 година.

32. „Договор меѓу Советот на министри на Република Албанија и Владата на Република Македонија за порамнување на долгот на Република Албанија кон Република Македонија во врска со порамнувањето на износите на сметките во рамките на стоковата размена меѓу Република Албанија и Поранешна Социјалистичка Федеративна Република Југославија“

  • потпишан во Скопје, на 27 јуни 2012 година.
  • во сила од 13 ноември 2012 година

33. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за реципрочно признавање на возачки дозволи“

  • потпишан во Тирана на 23 ноември 2012 година
  • во сила од 14 март 2013 година

34. „Договор меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за отварање на заеднички граничен премин Требиште-Џепиште“

  • потпишан во Тирана на 23 ноември 2012 година
  • во сила од 05 март 2013 година

35. „Договор меѓу Република Македонија и Република Албанија за социјално осигурување“

  • потпишан во Скопје на 17 март 2015 година
  • Во сила од 1 јуни 2016 година

35а) „Административна спогодба за спроведување на Договорот за соц.осигурување“

    • потпишана на 11 јули 2016 година во ТиранаВо сила од денот на влегување во сила на Договорот за социјално осигурување (1 јуни 2016 година)

36. „Договор меѓу  Владата на Република Македонија и Советот на Министрите на Република Албанија за соработка во областа на образованието и науката“

  • потпишана во Валона на 02 јули 2015 година .
  • Во сила од 23 февруари 2016 година

37.  „Спогодбата меѓу Владата на Република  Северна Македонија и Советот на Министри на Rепублика Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија и Културно-информативен центар на Република Албанија“

  • потпишана во Вашингтон  на 02 април 2019 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Меморандум за разбирање меѓу Македонската и Албанската Влада за проектот за заштита на Охридското Езеро“

  • склучен во Тирана, на  29 ноември 1996 година.

2. „Протокол меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за отварање на нови гранични премини“

  • склучен во Охрид, на 12 декември 1992 година.

3. „Протокол за стопанска соработка меѓу Македонската Влада и    Албанската Влада“

  • склучен во Тирана, на 13 јуни 1998 година.

4. „Протокол за соработка на полето на вработувањето, обуката и социјалната сигурност меѓу Македонското министерство за труд и социјална политика и Албанското министерство за труд и социјални работи“

  • склучен во Тирана, на 22 јануари 1999 година.

5. „Протокол за соработка меѓу Македонското министерство за надворешни работи и Албанското министерство за надворешни работи“

  • склучен во Тирана, на 22 јануари 1999 година.

6. „Договор меѓу Македонското министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Албанското министерство за земјоделство и храна за соработка на полето на земјоделството“

  • склучен во Тирана, на 22 јануари 1999 година

7. „Меморандум за разбирање за соработка на полето на заштита на животната средина и одржливиот развој помеѓу Македонското министерство за животна средина и посторно планирање и Националната агенција за животна средина на Албанија“

  • во сила од 07 септември 2000 година.

8. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Албанија за соработка и унапредени контакти.“

  • склучен во Скопје, на 5 февруари 2003 година.

9. „Заедничка изјава потпишана со  Министрите за транспорт на Р.Бугарија, Р.Албанија за забрзан развој на Пан-Европскиот Коридор 8“

  • склучен во Варна, Р.Бугарија на 13 јуни 2003 година.

10. „Заедничка декларација – Средба на Министрите за надворешни работи на земјите долж Пан-Европскиот Коридор 8“

  • склучен во Тирана, Р.Албанија на 30 јуни 2003 година.

11. „Заедничка декларација на Претседателите на Р.Албанија, Р.Македонија и Р.Бугарија за продлабочување на соработката помеѓу трите земји за изградба на Пан-Европскиот Коридор 8;“

  • склучен во Охрид, Р.Македонија, на 12 јули 2003 година.

12.  „Финална декларација од состанокот на Министрите за транспорт на Пан-Европскиот Коридор 8 (Р.Албанија, Р.Бугарија, Р.Грција, Р.Македонија, Р.Италија, Р.Турција и Европската Комисија)“

  • склучен во Бари, Р.Италија, на 18 септември 2003 година.

13.  „Меморандум за соработка во процесот на евроинтеграциите меѓу Секторот за европски интеграции при Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија и Министерството за европски интеграции на Република Албанија“

  • склучен во Скопје, на 17 јуни 2004 година.

14. „Договор меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија, Министерството за одбрана на Република Албанија и Министерството за одбрана на Република Бугарија за соработка на полето на воената обука,техника и наука“.

  • склучен во Охрид, на 18 мај 2005 година.

15. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за одбрана на Македонија, Министерството за одбрана на Албанија и Министерството за одбрана на Хрватска за формирање на здружен медицински тим за учество во операцијата ИСАФ предводена од НАТО во Авганистан“.

  • потпишан во Брисел, на 4 мај 2005 година.

16. „Меморандум за разбирање меѓу Советот на Министри на Република Албанија и Владата на Република Македонија во врска воената вежба  Јадрански ангажман 2005“

  • склучен во Скопје,  2005 година

17.„Протокол за соработка  меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за одбрана на Република Албанија   во областа  на воената обука“

  • склучен во Тирана , на 30 мај 2006 година.

18.  „Договор за соработка во сферата на развојот на државната служба и реформата на администрацијата помеѓу Агенцијата за државни службеници на Р. Македонија и Одделот за јавна администрација при Министерството за внатрешни работи на Р. Албанија,“

  • склучен во Скопје, на 12 јуни 2009 година.

19. „Протокол за соработка помеѓу Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и општата управа за патенти и трговски марки на Република Албанија“

  • склучен во Тирана на 25 ноември 2005 година.

20.  „Протокол за соработка во областа на земјоделството меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерство за земјоделство и храна на Република Албанија“

  • склучен во Тирана, јуни 2005 година.

21. „Протокол за соработка помеѓу прекуграничните општини на преспанскиот регион Ресен (РМ), Преспа (Грција), Лиќенас (Албанија)“

  • склучен во Лемос на 04. декември 2007 година.

22. „Извршна Програма за образовна и научна соработка меѓу Министерството за образование и наука на Р.Македонија и Мин. за образ. и наука на Р.Албанија за 2007-2010 година“

  • склучен во Тирана, на 31 мај 2007 година

23. „Договор за соработка меѓу Државниот архив на Република Македонија и Генералната дирекција на архивите на Р. Албанија“

  • склучен во Тирана, на 19 февруари 2008 година

24. „Протокол за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за надворешни работи на Република Албанија “

  • склучен во Тирана, на 08 февруари 2010 година.

25. „Протокол  за соработка меѓу Директоратот за Дипломатска академија при Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатската академија при  Министерството за надворешни работи на Република Албанија“

  • склучен во Тирана, на 08 февруари 2010 година

26. „Заедничка декларација на министрите за животна средина на трите држави кои го делат Преспанското Езеро и Министерот за животна средина на ЕК за заштита и одржлив развој на Преспа паркот“

  • потпишана во Преспа на 02.02.2010 година

27. „Меморандум за разбирање помеѓу воздухопловните власти на Република Македонија, Република Косово и Република Албанија“

  • склучен во Охрид, на 19 август 2011 година

28. „Протокол меѓу МВР на Р.Македонија и МВР на Р. Албанија за основање и функционирање на заеднички контакт центар за полициска соработка“

  • склучен во Скопје, на 15 март 2012 година

29. „Декларација за обврзување за воспоставување на биосферски резерват Охрид – Преспа“

  • потпишана на 02 октомври 2012 во Националниот парк Преспа во Албанија – потписници се министрите за животна средина на двете земји

30. „Меморандум за разбирање меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија – и Албанската агенција за развој на инвестициите АИДА“

  • потпишан во Тирана на 22 мај 2013 година

31. „Договор помеѓу Mинистерот за иновации и јавна администрација на Република Албанија и Mинистерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија за соработка во областа на информациско-комуникациските технологии (ИКТ)“

  • склучен на 15 септември 2014 во Скопје

32.  „Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за радијациона сигурност на Република Македонија и надлежното регулаторно тело на Албанија за соработка во полето на радијационата заштита“

33.  „Меморандум за соработка во енергетскиот сектор меѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика и индустрија на Република  Албанија“

  • Потпишан во Струга на 11 декември 2015 година

34.  „Меморандум за соработка меѓу полициите на Република Македонија, Црна Гора, Република Албанија и Република Косово, за воспоставување експертска група за преземање мерки против недозволената трговија со оружје во ЈИЕ“

  • потпишан во Охрид на 29 октомври 2015 година

35.  „Извршна Програма меѓу Министерство за образование и наука  на Република Македонија и Министерството за образование и спорт на Република Албанија за соработка во областа на образованието, науката и технологијата за периодот од 2015 до 2018 година“

  • потпишана во Битола на 22 ноември 2015 година

36.  „Протокол меѓу  Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Албанија за прекугранично константно гонење“

  • склучен во Тирана на 19 јули 2016 година
  • согласно ст.1 од чл.18 од Протоколот истиот стапил во сила да денот не неговото  потпишување

37.  „Заедничка Декларација меѓу Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, и Премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во рамки на првата заедничка седница на владите Македонија – Албанија“

  • Потпишана во Поградец на 15 декември 2017 годинa

38.  „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за превенција и борба на насилниот екстремизам и радикализација кои водат кон тероризам“

  • Потпишан во Поградец на 15 декември 2017 година

39.  „План за соработка и консултации меѓу Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија“

  • Потпишан во Поградец на 15 декември 2017 година

40.  „ Меморандум за соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Албанија за зајакнување на соработката во областа на внатрешната контрола“

  • Потпишан во Поградец на 15 декември 2017 година

41.  „Меморандум за соработка меѓу Институтот за духовно културно наследство на Албанците – Скопје и Генералната Дирекција на Архивите на Република Албанија“

  • Потпишан во Поградец на 15 декември 2017 година

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020