Име: ДАНЧО
Презиме: МАРКОВСКИ
Датум и место на раѓање: 15 септември 1956 година во Велес
Образование:
Доктор по политички науки на тема: „Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатска служба“, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје;
Магистер по меѓународно право и меѓународни односи – на тема: „Конзуларна служба - организација и практика“ на Правен факултет – Јустинијан Први во Скопје;
Дипломатска школа во Сојузниот секретаријат за надворешни работи во Белград;
Дипломиран правник – Скопје;
Професионална кариера:
2020- Вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Република Албанија;
2012 –2020 Помошник директор во Директоратот за конзуларни работи во Министерството за надворешни работи;
2008–2012. Вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска;
2006 – Раководител на Секторот за иселеништво во МНР;
2005 – 2006. Државен советник за организациони работи во МНР;
2001 – 2005. Специјален пратеник на Министерот - Привремен вршител на работите и Министер советник во Амбасадата на Република Македонија во Народна Република Кина;
2000 – 2001. Директор на дирекцијата за европски земји;
1999 – 2000. Специјален советник во МНР;
1998 – 1999. Министер советник и заменик шеф на мисија во Амбасадата на Република Македонија во Кралството Шведска;
1997 – 1998. Генерален секретар на МНР на Република Македонија;
1996 – 1997. г. Директор на дирекција за Балкан во МНР на Република Македонија;
1993 – 1996. Привремен вршител на работите и Советник во Амбасадата на Република Македонија во Турција;
1989 – 1992. Втор секретар, конзул во Амбасадата на СФРЈ во Либиската Џамахирија;
1987 – 1989. Соработник – трет секретар во ССНР во Белград;
1981 – 1986. вработен во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија;
Авторски трудови:
„Дипломатија - организација и практика“, Кинематика – Скопје 2002;
„Конзуларна служба организација и практика“, Софија – Богданци 2012;
„Современи дипломатски методи и нивната примена во македонската дипломатија„ Fredrik Eberth, Скопје 2017;
„CYBER DIPLOMACY“ – Улогата на Информатичката Технологија во дејствувањето на дипломатиите на малите држави, Balkan Analytica – Sofia, http://balkananalytica.info/wp-content/uploads/2015/08/BA20150816-Markovski-Dancho.pdf;
„Институционалниот однос на дипломатијата со разузнавачките служби“, Balkan Analytica – Sofia;
http://balkananalytica.info/wp-content/uploads/2015/11/BA151101-Dancho-Markovski.pdf
Други активности:
Предавач на 13th CEI DUBROVNIK DIPLOMATIC FORUM ‘Strategic Public Diplomacy’ Dubrovnik, Croatia, 20-22 May 2010;
Стручни предавања на пред студенти на Правниот факултет УКИМ и при нивна посета на МНР;
Предавање пред вработените на Агенцијата за разузнавање;
Предавач на Дипломатскиот курс за млади дипломати во Министерството за надворешни работи на Република Македонија – март – мај 2015 и 2016;
2015 избран за насловен доцент д-р
Претседател на Дипломатскиот клуб – Скопје од 2015.;
Носител на хрватско одликување: „Red kneza Branimira s ogrlicom” за особени заслуги во промовирањето на хрватско македонските односи;
Јазици: англиски, бугарски, хрватски и почетен турски